Маџари – МКК Куманово 94:78. Маџари уште еднаш покажа сила и успеа да забележи уште една победа во меч од 13.коло во елитната кошаркарска лига во Македонија. Иако дебитант во елитата, ова беше седма победа на овој тим кој и натаму е хит во првенеството, па така сега со 20 бодови се наоѓа на делба на 4.место на табелата. На стартот домашниот состав покажа во кој правец ќе оди овој меч ако се знае дека првата четвртина успеа да ја добие со +10 ...
Екипата на Маџари зеде уште еден голем скалп во новата сезона на Суперлигата каде е дебитант и на домашен терен го порази МКК Куманово (94-78) во рамки на тринаесеттата рунда. Уште од почетокот тимот на Тодоровиќ му даде до знак на гостинот дека само победата е опција кога тимот игра пред својата публика. МКК Куманово влезе во овој дуел во лоша енергија, заради домашниот пораз од Чаир, па се отслика тоа и на теренот на гостувањето во Скопје. ...
Маџари уште еднаш покажа зошто важи за хит на сезоната во Супер-лигата откако новиот член на елитното друштво славеше над Куманово со убедливи . Младиот стратег Миодраг Тодоровиќ целосно ја доби тактичката битка со стариот лисец Марин Докузовски, кошаркарите на Маџари доминираа на теренот од првата до последната минута и заслужено се радуваа на триумф на самиот крај. Маџари тргна моќно уште од првата четвртина, нападот функционираше одлично, ...

