Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека Владата е подготвена да седне на маса за подготвување нов општ колективен договор, со оглед дека досегашниот е веќе истечен. Како што изјави на прес-конференцијата по постигнувањето договор за покачување на платите во администрацијата, ова е година кога Владата сака да воспостави ред и дисциплина во државата, а тоа, меѓудругото, рече, подразбира и решавање на ова прашање. Во однос на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата, при што беше постигнат договор за етапно покачување на платите. Според договорот, околу 11.000 вработени ќе добијат раст на платите од речиси 40% до 2028 година. „Ние сме подготвени како Влада да седнеме и во овој период до 2028 година, очекувам тоа да биде во пократок период заедно со двата репрезентативни синдикати, ССМ и КСС, ...