За 50 проценти се намалени сообраќајните несреќи во главниот град, откако почна во функција тест периодот на системот „SAFE CITY“, велат од брзата помош. Докторката Ана Џарева објаснува дека сообраќајките се со полесни повреди, нема жртви од сообраќајна несреќа, но и скоро и да нема повреден пешак, што беше случај минатата недела кога само 24 часа беа прегазени пет пешаци, а четворица на пешачки премин и сите беа со тешки телесни повреди. ...
Со почетокот на тестирањето на системот за регистрирање и санкционирање сообраќајни прекршоци „Сејф сити“, во третиот ден од пробниот период има регистрирано повеќе од 150.000 сообраќајни прекршоци од различни размери, некои помали, како и некои навистина сериозни, особено во групата прекршоци предизвикани поради возење со зголемена брзина. Препорачано Катастрофални бројки по првиот тест на системот Најголемиот „удар“ што го зададе „Сејф сити“ ...

