Велики петок се смета за најтажниот и најдраматичниот ден во христијанството, кога Исус Христос бил осуден и распнат, пишува БГНЕС. Според евангелските сведоштва, Христос бил испрашуван од Синедрионот со цел да биде обвинет за богохулство. Откако не успеале во тоа, го обвиниле дека се нарекол „Цар јудејски“ и дека подготвува бунт против римската власт, по што бил предаден на римскиот намесник Понтиј Пилат. Иако Пилат ги сметал обвиненијата за ...
Се празнува Велики Петок, ден посветен на спомнувањето на крстните страдања и смртта на Исус Христос. Најпрво, тој бил одведен пред првосвештеникот Кајафа, кој кратко го испрашувал и го затворил. Потоа бил испрашуван пред Синедрионот, највисокиот еврејски совет за верски прашања составен од 70 највидни членови, фарисеи, книжевници и садукеи. Од нив бил осуден за хула, за што казната била смрт. Сепак, во тоа време само римскиот управител имал ...
Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. Велипеток се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жртва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на ...

