Веднаш пристапивме кон извлекување на лицата заглавени на влезната врата. Вака сведочеше денеска на новото судско рочиште за катастрофалниот пожар во Кочани, пожарникарот Благој Паунов. -Моравме да побараме помош од полицијата и двете лица од обезбедувањето и цивилни лица. И така во мешовити тимови почнавме да ги извлекуваме децата. Некои беа избезумени, во шок и грч и моравме да ги носиме до паркинг. Други, пак од паника газеа врз нас и ...
„Гаснењето беше многу отежнато. Пред тоалетот имаше сандаче хидрант, внатре имаше црево, но немаше вентил и не можевме да го користиме. Имаше и расфрлани употребени ПП-апарати од девет килограми…По локализирањето, побарав дозвола од јавен обвинител да извршиме пребарување за други лица. По пребарувањето, извлековме уште три изгорени тела. Други не најдовме“, рече Драган Апостолов „Нашата стандардна процедура и најголем приоритет е спасување ...
На самиот паркинг имаше многу луѓе, од кои и доста паднати. Паднати имаше и на скалите, а на влезната врата имаше и заглавени повеќе лица што бараа помош. Извлекле три јагленосани тела. Ова се дел од страшните сведоштва на пожарникарите кои го гаснеле огнот и спасувале во дискотеката „Пулс“ кога се случи страшниот пожар на 16 март минатата година во Кочани. Командирот на противпожарната едница во Кочани, Драган Апостолов пак кажа дека ноќта ...

