ТРИЕСЕТ И СЕДМА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ГАЛИЧНИК“ Со 37 години континуитет и повеќе од 400 учесници од Македонија и од светот, ликовната колонија „Галичник“, која ќе се одржи од 12 до 19 август, се етаблира како една од најреномираните традиционални меѓународни уметнички колонии во земјата и препознатлива платформа за современа визуелна уметност во регионот. Богатата колекција создадена низ годините претставува значаен сегмент од македонското ...

Од 12 до 19 август, со десетмина уметници и под мотото „Галичник како медиум“, ќе се одржи 37. издание на ликовната колонија „Галичник“. Како што вели за весникот ВЕЧЕР Ана Франговска, уметничката директорка на ликовната колонија, со овој концепт Галичник не се третира само како амбиент во кој уметниците престојуваат и создаваат, ниту само како извор на инспирација, туку како активен чинител во самиот уметнички процес. – Уметникот да не дојде ...

На уметничкиот собир ќе учествуваат: Нина Тодоровиќ и Предраг Терзиќ од Србија, Радостин Седевчев од Бугарија, Зденко Бужек од Хрватска, Арт Чибукчиу од Косово, Клеменс Гахтер од Австрија, Фук Нгујен од Виетнам/Холандија, Сами Каваниши од Јапонија и Елпида Хаџи-Василева и Кристина Пулејкова од Македонија Десетмина реномирани уметници од денеска до 19 август ќе престојуваат на падините на планината Бистра, во рамките на 37. издание на ...

Со 37 години континуитет и повеќе од 400 учесници од Македонија и од светот, Ликовната колонија „Галичник“ се етаблира како една од најреномираните традиционални меѓународни уметнички колонии во земјата и препознатлива платформа за современа визуелна уметност во регионот. Новото издание на колонијата ќе се одржи од 12 до 19 август со концептот „Галичник како медиум“. Успехот на Ликовната колонија „Галичник“ не произлегува од еден елемент, ...