Одбојкарите на ГОК Борец имаа одлично отворање на плејоф разигрувањето во Првата машка лига и запишаа важна гостинска победа над Работнички 71&22, кој им е директен ривал за подобра позиција на табелата. Велешкиот состав со победата од 3:1 во Скопје истовремено му се реваншираше на противникот за поразот од стартот на сезоната. Лидерот Штип УГД пред својата публика беше сигурен на средбата со Сушево, додека мечот меѓу шампионот Струмица ...

Кошаркарите на Пелистер успешно го отворија првото овогодишно коло од домашното првенство, откако на домашен терен славеа во дербито против Работнички со 88:85. Натпреварот уште од самиот почеток донесе неизвесна и борбена кошарка. „Зелените“ ја добија првата четвртина со мала предност, која ја задржаа и во вториот период, па на полувреме заминаа со водство од 47:44. Во продолжението Работнички се обиде да се врати во игра и да ја намали ...