Илјадници Палестинци се враќаат во своите станбени области во Појасот Газа по стапувањето во сила на прекинот на огнот меѓу Израел и радикалниот исламистички Хамас. Денеска, пеш, со автомобили и со колички, тие се движеа првенствено кон север, кон главно уништената крајбрежна област. Претходно, израелските трупи, како дел од првата фаза од договорот постигнат со посредство на САД, се повлекоа зад договорените линии. „Чувството е неописливо, фала ...

Израелците и Палестинците во различно расположение го дочекаа прекинот на огнот Војната заврши, кажа американскиот претседател Доналд Трамп, по повод примирјето помеѓу Израел и Хамас што стапи во сила изминатиот викенд, пред тој да се упати кон Блискиот Исток каде што ќе отпатува во Израел, а потоа и во Египет на самит на светските лидери за војната во Појасот Газа. Израелците аплаудираа на спомнувањето на Трамп и го исвиркаа името на премиерот ...

Несрин Хамад, мајка на три деца, беше во исчекување на вести од својот сопруг, кој тргнал на тешкиот пат до населбата Шеик Радван во градот Газа. Таа останала во Деир ал-Балах во централна Газа, каде што нејзиното семејство било раселено. „Мојот сопруг денеска отиде во нашиот дом во Шеик Радван. Знаевме дека таму е бомбардирано, но да се види со свои очи, е уште поболно“, раскажува Хамад по телефон за ДВ. Нивната куќа била целосно уништена, а ...

Зборувајќи на собранието на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во градот Ризе, Ердоган го поздрави примирјето како момент на олеснување за жителите на Газа по месеците уништување. „Целосно го поддржуваме секој проект кој трајно ќе го запре масакрот и геноцидот што се случуваат во Газа веќе две години“, кажа тој, а пренесува Дејли сабах. „Турција се надева дека новиот договор за примирје меѓу Израел и Хамас ќе доведе до ...