Левиот бек Зија Мерџани е првото зимско засилување за Работнички. Фудбалерот кој е слободен агент откако ја напушти Шкендија пред една година, се приклучува на „романтичарите“ во мисијата „опстанок“. Мерџани е поранешен играч и на Струга ТЛ со која ја освои првата шампионска титула. Во јануари 2023 година се приклучува на Шкендија, и таму останува до јануари 2025 година откога е слободен играч. Работнички во пролетниот дел од сезоната ќе има ...
Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички го промовираше првото засилување во овој зимски преоден рок, ас кој треба да донесе нова енергија во дефанзивната линија. Нов член на клубот од Дебар Маало е Зија Мерџани со кого е потпишан договор до крајот на сезонава. Зија е лев бек, играч кој последниот ангажман го имаше во Шкендија, додека претходно настапуваше и за Струга Трим Љум. Популарните „романтичари“ се во многу тешка ситуација, вториот ...

