Пред самитот на ЕУ во Антверпен, Германија и Франција повикаа на реформи за справување со кризата во економијата, иако со различни приоритети. Германскиот канцелар Фридрих Мерц на средба со претставници на индустријата се залагаше за далекусежно елиминирање на регулативите за бизнисите. „Мора да го дерегулираме секој еден сектор“, рече тој и посочи дека мали прилагодувања на законите не се доволни. Како пример го наведе законот на ЕУ за ...

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц одржаа билатерална средба пред самитот на ЕУ и го истакнаа нивното меѓусебно усогласување на ставовите, потврди Елисејската палата за „Политико“ со седиште во Брисел. Средбата траеше околу 20 минути, по што Макрон и Мерц се појавија заедно пред новинарите. „Драго ми е што Емануел Макрон и јас како и скоро секогаш се согласуваме за овие прашања“, рече Мерц, додавајќи ...