Москва соопшти дека 29 лица загинале кога руски воен авион се урна над црноморскиот полуостров Крим. Тим за пребарување и спасување го пронашол местото на несреќата и известил за шест загинати членови на екипажот и 23 патници, јавија државните новински агенции, цитирајќи го руското Министерство за одбрана рано утрово. Според извештаите, се верува дека технички дефект ја предизвикал несреќата и оти немало надворешно влијание врз авионот. ...
Руски воен транспортен авион се урна откако вчера прелетал над окупираниот украински Кримски полуостров, при што загинаа сите 29 лица во авионот, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана. Контактот со авионот, Ан-26, бил изгубен околу 18 часот по московско време (15 часот по Гринич), а истражителите на Министерството за одбрана работат на местото на несреќата, според министерството. Меѓу 29-те ...

