Кошаркарите на Куманово вечерва во својата сала во Куманово, во меч од 21.коло во Суперлигата, успеаја да слават против Кожув со 89:82. Ова е исклучително важна победа за кумановци која ги остава во игра за пласман во плејофот, во следното коло и последно од регуларниот дел, играат на гости кај Работнички. Сега МКК Куманово има 31 бод, и е на делба на шестата позција на табелата. Се знае дека во плејофот одат првите шестпласирани екипи. Не ...
Екипата на МКК Куманово го одбрани домашниот терен, успеа да слави против Кожув од Гевгелија со 89-82 и така во последното коло ќе се решава ситуацијата за последниот патник во плеј-офот. Избраниците на Марин Докузовски до победата дојдоа во еден неизвесен финиш, а клучот за тоа беше една мини-серија во последните минути. Така МКК Куманово има скор 10-11 и последното коло ќе одговори дали во разигрувањето ќе бидат кумановчани, Чаир или ...
Серијата катастрофални игри и резултати на Куманово конечно беше прекината на денешниот дуел со Кожув што кумановци го добија со 89-82, триумф со кој тимот предводен од Марин Докузовски се врати во игра за шестото место кое води во плејоф-разигрувањето. Кумановци повторно имаа многу осцилации во играта, пред се во првата четвртина што гостинот ја доби со 24-32. Домаќинот конечно заигра подобро во одбраната, во вториот период беше подобар со ...
Во првиот меч од неделата програма од 21 коло на македонската кошаркарска „МТЕЛ“ Супер лигата, МКК Куманово го совлада составот на Кожув (89:82) и ги одржа надежите дека ќе бидат дел од првите шест екипи кои ќе играат во оној дел во кој ќе се бараат четири места за плејофот. Во првото полувреме, двете екипи си разменија по една четвртина. Гостите од Гевгелија ја добија првата, со сосема солидна предност (32:24). Домаќините се вратија во ...

