Брегалница утре ја отвара новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со мечот против шампионот Вардар во Скопје, а „сините“ ќе ги предводи Никола Кузманов. Искусниот штипски стратег го презеде кормилото на прволигашот од градот под Исарот, а со тоа тој е повратник на оваа позиција, бидејќи 60-годишниот стратег и во минатото ја водеше Брегалница, а ланската сезона беше помошник во стручниот штаб. Во својата кариера го предводеше ...

Брегалница на само еден ден пред стартот на новата сезона и утрешниот натпревар со шампионот Вардар во Скопје именуваше тренер на клубот. Враќањето во елитното друштво за штипјани ќе биде со искусниот Никола Кузманов, кој е именуван откако Влатко Костов не се согласи да го води тимот под новонастанатата ситуација во Брегалница. 60-годишниот стратег и во минатото ја водеше Брегалница, а минатата сезона беше помошник во стручниот штаб на ...