Завршени се градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на ЈДГ „Весели Цветови“. Со овој зафат објектот е целосно реновиран. Комплетно е обновен средишниот, постар дел од објектот, кој опфаќа: три занимални во кои престојуваат деца на возраст од 2 до 6 години, кујна, канцеларија и ходникот. За време на реновирањето, целосно е отстранета ламперијата од ѕидовите, по што е поставена арматурна мрежа и ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека успешно биле завршени градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на градинката „Весели Цветови“. „Со овој зафат, објектот е целосно реновиран! Комплетно го обновивме средишниот, постар дел од објектот, кој опфаќа три занимални во кои престојуваат дечиња на возраст од 2 до 6 години, кујната, канцеларијата и ходникот. ...

