Македонската кадетска репрезентација не успеа да дојде до почетна победа во битката за пласман на Европското првенство “Б“ Дивизија. Нашите кошаркари беа совладани од Ирска со 83-58. По две релативно изедначени четвртини во кои противникот беше подобар со 37-35, Ирска победата ја обезбеди во третата четвртина која ја заврши со 25-8. Токму овој дел беше клучен за крајнио исход. Зунзуровски, Коневски и Шабани беа стрелци на 13 поени. ...

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Ирска со 58-83 во првиот натпревар од разигрувањето за пласман од деветтото до 16-тото место на Европското првенство, кое се одржува во Македонија. Избраниците на македонската селекција одиграа солидно прво полувреме и на паузата заминаа со само два поени негатива. Сепак, целосно потфрлија во продолжението, особено во третата четвртина. Ирците го добија третиот период со ...