Македонскиот интернационалец, Ненад Димитријевиќ го одигра најдобриот меч во дресот на Баерн Минхен, но и тоа не беше доволно за баварците да обезбедат пласман во големото финале на Купот на Германија. По драма која донесе и дополнителни минути, Баерн загуби од составот на Брозе Бамберг со 103:97. Основниот дел заврши со резултат 83:83 и токму благодарение на Нено кој постигна тројка на 11 секунди до крајот. Бамберг беше на повисоко ниво во ...

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ, постигна 24 поени за Баерн Минхен, но неговиот тим е поразен од Бамберг во полуфиналето на Купот на Германија. На крајот Бамберг славеше со 97:103. Димитријевиќ поените ги постигна во 31 минута колку што мина на паркетот, но залудно добрата партија кога Баерн нема да се бори за трофејот во Купот на Германија. Кај победничкиот тим Вотсон постигна ист број на поени, но ја имаше поддршката од соиграчите, ...

Кошаркарите на Бамберг приредија сензација во Купот на Германија во кошарка, откако преку Баерн Минхен (103-97) обезбедија пласман во мечот за трофејот во ова натпреварување. Евролигашот беше апсолутен фаворит, но потфрли во продолженијата и остана без првиот трофеј во сезоната. Изданието на тимот на Светислав Пешиќ, кое никако не беше добро, ги чинеше скапо, бидејќи Бамберг е голем аутсајдер во финалето и ќе игра со подобриот тим од Алба - ...

Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ, беше најдобар поединец во полуфиналето од Купот на Германија, но за жал Баерн Минхен нема да игра во финалето. „Баварците“ загубија од Бамберг со 103-97 по продолжението, откако мечот во регуларните 40 минути заврши нерешено, 83-83. Нашиот кошаркар заедно со Вотсон беа најефикасни со по 24 поени, а Димитријевиќ на поентерското шоу додаде и пет скока и седум асистенции. Македонскиот кошаркар, Ненад ...