Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни тројцата полицајци од Кочани обвинети за злоупотреба на службената положба. На Кире Богатинов и Горан Лазаров им е изречена условна казна затвор од една година, додека командирот на ПС Кочани, Александар Темелков, е осуден на условна казна од две години, која нема да се изврши доколку во период од четири години не стори ново дело. Судијката Лидија Петровска во образложението на пресудата ...
Тројцата полицајци обвинети во еден од трите предмети за трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани денеска од страна на Основниот кривичен суд Скопје, добија условни казни. Тие беа обвинети дека пишувале казни за непостоечка фирма на првообвинетот во главниот случај за пожарот, Дејан Јованов -Деко, сопственикот на „Пулс“. Станува збор за прва пресуда за трагедијата, а полицајците не се гонеа за кривични дела како обвинетите во главниот ...
Родителите на починатите деца во дискотеката во „Пулс“ ја комнетираа условната казна која вчера ја изрече Судот за обвинетите полицајци за злоупотреба на службената положба. Според пресудата „обвинетите своите службени дејности ги извршиле само привидно. И покрај јасно пропишани обврски, иако констатирале прекршок тие не утврдиле кое правно лице ја врши дејноста, ниту кој е одговорното лице во тоа правно лице, бидејќи не зивршиле увид во ...
„Се праќа многу лош сигнал во јавноста, на судството не му доаѓа паметот. На времето еден турски султан рекол „Абе, на тоа Македонците најотпосле им доаѓа аклот“, и еве по стотици години тоа се потведува, но тоа важи за судството, ова важи за обвинителите и ова особено важи за судиите, поточно за предметните судии“, ова е оценката на поранешниот јавен обвинител Сотир Костов во „За или против“ со Љупчо Цветановски за условните казни за тројца ...

