Четвртопласираната репрезентација од последното Светско првенство, непредвидливата Португалија, со победа го започна Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска. Португалците лесно ја совладаа Романија со 40-34 (23-15), во првиот дуел од групата Б. selected-photo-2.jpg Романците подобро отворија и со брз ракомет го изненадија фаворитот. Сепак, после брзите голови на Невес и Итуриза, Португалците првпат поведоа во осмата минута (4-5). ...
ЕКИПА во Хернинг, Стеван Цаневски Репрезентацијата на Португалија забележа триумф од 40-34 над Романија во првиот меч од нашата група што се игра во Хернинг. Португалците покажаа сила и квалитет, уште во првото полувреме практично ја осигураа победата, што им овозможи во продолжението да сочуваат дел од силите за својот втор меч во групата, во кој в недела ќе се сретнат со Македонија. Романците имаа предност од 0-1 и од 1-2 на стартот, а во ...
Во првиот меч од нашата група на Европското ракометно првенство, Португалците ја совладаа Романија. Тие покажаа моќ во првиот дел кој го добија со фантастични 23-15 и со предност од осум гола заминаа на одморот. Откако создадоа висока предност, како да продолжија резервирано штедејќи ги силите за Македонија. Таквата игра ѝ овозможи на Романија да ја намали негативата, конечниот резултат беше 40-34. Франциско Коста со девет голови беше ...
Без изненадување на првата средба од нашата група Б на Европското првенство. Португалија ја оправда фаворитската улога, славеше против Романија со 40-34 (23-15). Оваа селекција е вториот противник на Македонија на шампионатот, мечот се игра во недела. Од она што го видовме на теренот, Португалците делуваат многу опасно, со една серија ја решија Романија. Во првите четири минути се чинеше дека ќе гледаме неизвесен меч, барем едно полувреме ...

