Најдобриот ирански голман, Саид Хеидарирад, е нов член на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, соопшти денеска битолскиот клуб. Станува збор за 34-годишен голман, кој во својата земја е голема спортска ѕвезда, а во Битола доаѓа белградски Партизан, откако даде голем придонес во титулата првак на Србија, која „црно-белите“ ја освоија во сезоната 2024/25. Хеидарирад долги години е во Европа, настапувајќи претходно за романскиот гигант ...

Ракометарите на шампионот Еурофарм Пелистер го освоија Супер купот откако вечерва во Кавадарци во натпревар со неизвесна завршница го совладаа Куп победникот Вардар со 28:27. Први резултатски се одлепија „црвено-црните“ кои по 6:6 во 25.минута поведоа со 13:9 за највисоки + 4. Но, битолчани успеаја до крајот на првиот дел да намалат на 13:12. Почетокот на вториот дел беше во знакот на шампионот и по само неколку минути Еурофарм Пелистер дојде ...