Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос денеска (12 јануари) официјално ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, означувајќи старт на зимскиот подготвителен период. Фудбалерите на охридскиот тим се собраа на првиот тренинг со јасен фокус на физичката подготвеност, уигрување и темпирање на формата за претстојните натпреварувачки предизвици. Стручниот штаб ќе работи по утврден план, со цел екипата подготвена да го дочека ...

Ракометниот клуб Вардар 1961 почна да тренира за вториот дел од натпреварувачката сезона 2025/26, во кој „црвено-црните“ ги очекуваат настапи во домашната Супер лига и во Лигата на Европа. Под водство на тренерот Иван Чупиќ, играчите го одржаа првиот тренинг во Скопје, со кој официјално беше означен стартот на подготвителниот период. Во овој дел од сезоната, Вардар привремено е без неколку ракометари кои се со своите репрезентации на ...

Ракометарите на МРК Куманово официјално ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во Машката ракометна Супер лига. Од денес тимот работи под водство на новиот шеф на стручниот штаб, српскиот стратег Александар Радосављевиќ, кој ја имаше својата прва прозивка во Спортската сала при ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Куманово. Токму во оваа сала ќе се одвиваат сите тренинзи во подготвителниот период. Според планот на Радосављевиќ и ...

Фудбалерите на второлигашот Тетекс од Тетово вчера ја имаа првата прозивка со што почнаа да се подготвуваат за вториот дел од сезоната. Од екипата заминуваат шест фудбалери, а во текот на преодниот рок ќе се договараат нови засилувања. - Подготовките ќе се одвиваат во Тетово, тука на фудбалскиот стадион со вештачка трева на Спортско-рекреативниот центар во градот. Имаме закажано шест контролни натпревари. Околу играчите, шест играчи имаат ...