Ќе се прави нов Колективен договор за култура. Ова го најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков при посетата на Старата скопска чаршија, каде ќе се реконструира улицата „Самарџиска“. Според министерот, денеска испратиле пораки до Синдикатот за култура на Македонија и до СОНК за средба утре попладне во Министерството за култура и туризам на која ќе присуствува и Работната група за изготвување нов Колективен договор за култура. „Ние ...
Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) најави протест што ќе се одржи на 16 април во 12 часот пред Министерството за култура, под мотото „Колективниот договор не се чепка, културата има глас“. Од СКРМ соопштуваат дека незадоволството е насочено кон, како што наведуваат, „срамната одлука“ на Уставниот суд за поведување постапка за укинување на Колективниот договор за култура, како и за, според нив, неправилности во начинот на ...
Започна реставрацијата на калдрмата на улицата „Самарџиска“ во старата скопска Чаршија. На една од најстарите занаетчиски улици се очекува да се уреди и подземната инфраструктура. Градоначалникот на Општина Чаир, на чија територија се наоѓа Старата Чаршија, Изет Меџити, изјави дека се реконструира улицата и петте краци со вкупна површина од 1.567 м2, во вредност од 470 илјади евра. „Прво интервенираме таму каде што со години имало најголеми ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во врска со колективниот договор за култура, информираше дека постапката е во фаза на преиспитување и дека ќе следат разговори со синдикатите. – Прво, не е укинат колективниот договор за култура туку Уставниот суд донесе одлука за преиспитување. Уште денеска испративме порака до синдикатите и веќе утре работната група која што веќе постои од претходно ќе ја реактивираме и утре ќе имаме заеднички ...

