Цената на бакарот постигна нов рекорд – 11.400 долари за тон откако силната побарувачка од Јужна Кореја и од Тајван предизвика најголем бран повлекување од магацините на Лондонската берза за метали од 2013 година. Од почетокот на годинава, цената на бакарот порасна за 30 проценти, што е највисоко во втората половина од годинава, под влијание на проблемите со снабдувањето во Чиле и во Индонезија, како и шпекулациите за потенцијални американски ...

Добивај вести на Viber Цените на среброто денес скокнаа на рекордно високо ниво над 65 долари за унца, бидејќи извештајот за работни места во САД ги поттикна инвеститорите да бараат алтернативни средства. Податоците за трудот во САД за ноември покажаа дека стапката на невработеност се зголемила на 4,6 проценти, што е највисока од 2021 година, дури и кога растот на работните места порасна повеќе од очекуваното, објави денес „Трејдинг економикс“. ...

Бакарот забележа благ пад, откако инвеститорите зазедоа повнимателен став во пресрет на објавата на американските податоци, кои ќе се следат за индиции за идната насока на каматните стапки. Тримесечните фјучерси во Лондон се спуштија под 11.600 долари за тон, по раст од над 1 отсто во понеделникот. Извештајот за вработеноста, што треба да биде објавен подоцна денеска, се очекува да укаже на забавување на пазарот на труд, што би можело да ја ...

Суровините неодамна се најдоа под зголемено внимание од инвеститорите. Прво, силен раст забележа златото, потоа среброто, а сега и бакарот достигна рекордни нивоа. Во петокот, цената на бакарот беше речиси 12 илјади долари за тон, по што следеше корекција од три проценти. Побарувачката за оваа важна суровина расте поради зголемената потреба од центри за податоци и енергетската транзиција, а дополнителен притисок врз цените доаѓа од проценките ...