Поранешниот британски министер Питер Манделсон ја напушти Лабуристичката партија на премиерот Кир Стармер по новите извештаи за неговите врски со покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објавија вчера медиумите. Манделсон, кој беше отстранет од Стармер минатата година од функцијата британски амбасадор во Соединетите Држави по откритијата за неговите врски со Епштајн, рече дека не сака да предизвика ...
Незадоволството од начинот на кој британскиот премиер Кир Стармер се справи со откритијата за пријателството меѓу неговиот поранешен американски амбасадор и финансискиот магнат и осуден педофил Џефри Епстајн, ги наведе членовите на владејачката Лабуристичка партија да размислуваат за промена на лидерот. Иако тоа е изненадувачко за партија што во јули 2024 година беше избрана со убедливо мнозинство, ветувајќи враќање на стабилноста по ...
Шефот на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер, Морган МекСвини, поднесе оставка. Ова се случува во услови на зголемен притисок врз Стармер поради неговата одлука да го назначи Питер Манделсон за амбасадор во Соединетите Американски Држави. Стармер се соочува со она што многумина го сметаат за негова најголема криза откако дојде на власт пред 18 месеци поради неговата одлука да го испрати Манделсон во Вашингтон во 2024 година, откако ...
Министерството за надворешни работи на Норвешка во неделата соопшти дека нивната амбасадорка Мона Јуул поднесува оставка поради „сериозен пропуст во проценката“ околу нејзините врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн, како дел од растечкиот скандал во нордиската земја и низ цела Европа. Министерството претходно оваа седмица ја суспендираше Јуул од нејзините позиции како амбасадор во Јордан и Ирак, додека продолжува внатрешната ...

