Во ЈЗУ Геронтолошки завод – Скопје денеска беше одбележан 103-тиот роденден на д-р Никола Стојановски, лекар чиј животен и професионален пат оставил длабока трага во македонското здравство. Од установата посочуваат дека станува збор за човек кој ја градел здравствената историја на земјата – од периодот на Народноослободителната борба до современа, независна Македонија. Д-р Стојановски е роден во 1923 година во селото Скачинци, Велешко. ...

Нашиот почитуван Дедо Никола Стојановски – д-р Никола Стојановски – полни 103 години! Роден во 1923 во Скачинци (Велешко), тој е вистинска легенда на македонската медицина: дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград (1952), специјализирал педијатрија во Загреб (1958), а потоа целиот работен век го посветил на децата како педијатар и хематолог во велешката болница. Бил и директор на болницата, секогаш со огромна посветеност – за него ...