Беше епископ во Персија после свети Симеон. Еднаш во сон му се јави свети Симеон и му рече: „Вчера јас, денес ти!“ Овие зборови свети Садок му ги протолкува на своето стадо со значењето: „Лани пострадав јас, а оваа година ќе пострадаш ти!“. И навистина, таа година царот Сапор го уапси, заедно со многуброен клир и народ, и сите ги изведе на суд. Прво нареди да им се поклонат на огнот и на сонцето како на божества. Садок одговори: „Ние сме од ...

Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден маѓепсник Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младежта во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да ...