Првата закана ја имаше Македонија, но Ќамили не успеа да ја прифати топката во противнапад, а можеше да излезе и сам пред Хермансен. Возврати Хојлунд, но неговиот удар во 13.минута беше блокиран. Македонија добро беше поставена во блок, а брзо развиваше контранапади. Растодер одлично го проигра Чурлинов во шеснаесетникот, но тој задоцни за еден чекор за да биде навистина опасно за Данците. Во 25.минута, Пјер-Емил Хојбјерг се одлучи за удар ...

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз (4-0) од Данска на „Паркен“ во Копенхаген во полуфиналниот плејоф за пласман на Светското првенство. Данците имаа фантастичен старт на второто полувреме кога за десет минути постигнаа три гола. Дамсгард погоди во 49.минута, потоа му подготви погодок на Исаксен во 58.минута, кој стрелаше и една минута подоцна за 3-0. Четвртиот гол беше дело на Норгард, кој по корнерот на Ериксен ...

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 4-0 на гостувањето кај Данска во Копенхаген и остана без пласман на Светското првенство во 2026 година. Во вечерашниот полуфинален бараж натпревар, нашата селекција беше надиграна од домаќинот, кој заслужено се пласираше во финалето и сега е на чекор до настап на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Македонија успеа да одолее во првото полувреме, пред сѐ благодарение на сигурниот Столе ...

Далеку беше Македонија од некакво чудо против Данска вечерва и од Копенхаген се ваќаме со убедлив пораз од 4-0. Данците од самиот почеток ја имаа иницијативата и најчесто се играше пред нашиот гол. Сепак, ги немаа домаќините оние 100% прилики. На пауза заминавме со чиста мрежа, меѓутоа во вториот ни се случи вистински дебакл. Само што почна второто полувреме по четири минути игра, Дамсгард го отвори резултат. Нападите продолжија и во ...