Сите оние кои што ќе бидат сведоци на семејно насилство, треба да пријават во МВР, апелираше министерот Панче Тошковски на денешната прес конференција. Во изјавата, тој потенцираше дека секој еден треба да го промени кодот на однесување, почувајки од полициските службеници, завршувајќи до секој еден граѓанин. Кажа дека во последниот период се дава посебен интезитет на овие постапки. ,,Треба да го смениме кодот на однесување, не само на ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на прес-конференција информираше дека во рамки на истрагата за трагедијата во скопската населба Карпош е обезбеден видео запис на кој, како што рече, јасно се гледа како сопругот ја удира жртвата. „До МВР е обезбеден видео запис каде јасно се гледа како сопругот ја удира жртвата. Не можам да кажам точното време, но сигурно е истиот ден“, изјави Тошковски. Според него, жртвата претходно ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, зборуваше за трагичниот настан во скопската населба Карпош, каде што беа пронајдени мртви мајка и нејзиното 6-годишно дете, за кои постои сомневање дека претходно биле жртви на семејно насилство од страна на нивниот сопруг, односно нивниот татко. Тошковски објасни дека вчера полицијата реагирала по жалба од жртвата, но откако разговарала со сега починатата, таа ја повлекла жалбата. „Вчера, ...