Обилните врнежи од дожд што веќе 24 часа непрекинато ја зафатија целата територија на Македонија повторно ја отвораат опасноста од излевање на реките и локални поплави. Според најавите на метеоролозите, врнежите ќе продолжат и во наредните 24 часа, што дополнително го зголемува ризикот, особено во подрачјата покрај поголемите водотеци и во урбаните средини со слаб одводен систем. Искуството од првата половина на јануари, кога обилните дождови ...
Денеска во Македонија се очекуваат обилни и поројни врнежи од дожд, локални грмежи, како и силен јужен ветер кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. На планините над 1.400-1.500 метри врнежите ќе бидат од дожд или од влажен снег. Локално ќе наврне значително количество воден талог поради што постои опасност од излевање на реките особено во западна и во северозападна Македонија. Повеќе за прогнозата на метеопрогнозерот ...
На ден недела 15 февруари 2026 поради влијанието на длабокиот циклонски систем со центар над Џеновскиот залив целата територија на Македонија ќе биде во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни и поројни врнежи од дожд, локални грмежи, и силен јужен и југоисточен ветер кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. На планините над 1400/1500 метри надморска височина во западните и во северозападните предели од ...

