Демократската унија за интеграција (ДУИ) застана во одбрана на лидерот. Ниту Ахмети се повлекува, ниту сопартијците ќе го побараат тоа од него. По шпекулациите во дел од медиумите на албански јазик дека претседателот на интегративците ќе оди во политичка пензија, но дека тоа ќе го официјализира по вториот круг, инстантно одговори раководството на партијата. На состанок на Централното претседателство на ДУИ се „расчисти маглата“ и се отфрлија ...

Не изгубив на изборите за да се повлечам од политиката – порача лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по денешното Централно претседателство на партијата во чиј фокус беа локалните избори. „Зошто да се повлечам од политиката? Еве ги резултатите. Ако може да најдете дали за 25 години Али Ахмети има еден пораз, тогаш ќе се повлечам. Дваесет и пет години победувавме, не само последниве три циклуси. На овие избори, како ...

Оттаму велат дека победата на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се далеку поголеми од победата на ДУИ во Пласница и Липково Владејачката коалиција ВЛЕН ја оцени за апсурдна изјавата на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој рече дека коалицијата што ја предводи е победник на локалните избори. Оттаму велат дека победата на ВЛЕН во Чаир, ...