Очекувано, главната рунда во Хернинг започна возбудливо. Првиот меч во групата I им припадна на Германците кои ја совладаа Португалија со 32-30 и направија важен исчекор за врвот на табелата во пеколната конкуренција. Волф имаше 13 одбрани, Шрулоф имаше седум погодоци кај победникот. На другата страна Франциско Кошта имаше десет погодоци. Во текот на целиот меч видовме бројни промени на водството. Подобро во дуелот влегоа Португалците ...
Дуелот на досега две непоразени селекции на Европското првенство во ракомет, Шведска и Словенија, им припадна на Швеѓаните со 34-31. Со оваа победа над директен ривал, извојувана благодарение на одлично одиграното второ полувреме во кое даде дури 22 гола, Шведска направи голем чекор кон пласман во полуфиналето на ЕП. Во следното коло Шведска игра со Исланд, и ако го добие и тој меч, речиси сигурно ќе игра полуфинале. На Словенците им ...
Фудбалерите на Аугсбург направија сензација во 19 коло од германската Бундеслига, совладувајќи го Баерн Минхен со 2-1 на „Алијанц Арена“ во Минхен, откако Баварците водеа до 75. минута. Баерн поведе во 23. минута со голот на Јапонецот Хироки Ито и се чинеше дека сигурно оди кон својата 17. победа оваа сезона во Бундеслигата. Сепак, Аугсбург не се предаде и за тоа беше награден во последните 15 минути од натпреварот. Артур Чавес израмни во 75. ...
Исланд ја совлада вечерва Шведска во Малме со 35-27 во рамки на второто коло од групата 2 во главната фаза, нанесувајќи му го првиот пораз на кодомаќинот на Европското ракометно првенство. Исланд со триумфот се израмни на врвот на табелата со Шведска и Словенија со по четири бодови и остана во игра за место во полуфиналето. Избраниците на Снори Гудјонсон одиграа брилијантен натпревар, особено во првото полувреме, кое го добија со шест голови ...

