Имено, Германците во последниот напад имаа два играчи длабоко во противничкото поле уште пред судискиот свиреж. Изведувачот дури ја фрли топката до еден од играчите во половината на Португалија кој даде гол за заверка на победата. „На 59:55 германскиот играч со број 54 го изведе почетното фрлање по голот на Португалија. Проблемот настана бидејќи двајца германски играчи со број 5 и број 23 ја минаа централната линија пред судискиот свиреж. ...

Германија триумфираше над Португалија со 32-30 во првото коло од главната рунда на ЕП во ракомет, но спортскиот резултат падна во сенка поради спорниот гол во самиот финиш, кој предизвика бурни реакции. Клучната ситуација се случи во последните секунди од мечот, кога Германците постигнаа гол по изведување од центар. Португалската клупа веднаш реагираше, посочувајќи дека дел од германските ракометари ја преминале централната линија пред да ...