Директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи и ги повикува граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, истите да ги пријават на бројот 112. Според пријавите и интервенциите до 21:00 часот на 07.01.2026 година: Гостивар – Стража: одрони на патот, сообраќајот се одвива редовно. Тетово – Бањиче: одрони покрај коловозот кои ...

Поради обилниот дожд, во Кичево се поплавени повеќе станбени објекти на улицата „Прилепска“, поради што 60 луѓе се евакуирани и згрижени во спортската сала „Христо Узунов“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според пријавите и интервенциите евидентирани до 21:00 часот на 7 јануари 2026 година, проблеми се регистрирани на повеќе локации низ земјата. На патниот правец Гостивар–Стража има одрони, но сообраќајот се одвива редовно, ...

Евакуирани се околу 100 лица во Кичево, поради поплави. Тие се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, и обезбедени им се храна, вода, кревети, душеци и ќебиња. Во Општина Кичево, на улицата Прилепска, поплавени се повеќе станбени објекти. На терен интервенираа екипи на Црвен крст, ДЗС, РЦУК Кичево, ТППЕ Кичево, ЈП Комуналец и Општина Кичево. Регистрирани се и излевања на Зајашка река во реонот над стадионот „Влазрими“ и новото училиште ...

Обилните врнежи од дожд во текот на ноќта предизвикаа сериозни штети во Кичево, поради што околу 100 жители беа итно евакуирани од своите домови. Најкритично било на улицата „Прилепска“, каде водата навлегла во повеќе станбени објекти. Евакуираните граѓани се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им се обезбедени храна, вода и основни потреби, со ангажман на Црвениот крст, пожарникарите и надлежните служби. Поплави се регистрирани ...