Министерството за внатрешни работи секојдневно во дневните полициски билтени регистрира случаи на семејно насилство – син ги малтретира родителите, сопруг ја малтретира сопругата, брат напаѓа брат…. Изминатото деноноќие, според информациите од Министерството за внатрешни работи, регистрирани се 14 случаи на семејно насилство речиси во цела држава – во Тетово, Гостивар, Прилеп, Кавадарци, Велес …. По овој основ приведени се осум лица. ...

Во текот на изминатото деноноќие, на територија на Македонија регистрирани се вкупно 14 случаи на семејно насилство, при што осум лица се лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Тетово, полицијата го приведе 47-годишниот О.С., откако неговиот 76-годишен татко пријавил долгогодишно семејно насилство. Осомничениот, кој бил под дејство на алкохол (2,14 промили), секојдневно упатувал закани и кршел предмети во ...