При најголем буџет досега, земјоделците имаат најниски субвенции кои се исти 10 години. Освен тоа, условени се и што не оди во прилог на поттикнувањето на малите производители, реагираа земјоделците и фармерите од Националната земјоделска мрежа на денешниот состанок во Прилеп. Ѓорѓи Каракамишев, претседател на Националната земјоделска мрежа, изјави дека во последните 10 години субвенциите константно се движат околу 100 милиона евра што, ...
Ѓорѓи Каракамишев, претседател на Националната земјоделска мрежа, изјави дека во последните 10 години субвенциите константно се движат околу 100 милиона евра, што рече тој, ним не им ги покриваат ни елементарните потреби. „Потрагично е што оваа година субвенциите се условени. Кај растителното производство тоа е минимум 0,7 проценти, кај животинското се условени, на пример, со минимум 30 пчелни семејства, минимум 30 овци, 30 кози, минимум три ...
Новите правила за субвенции станаа главна тема меѓу земјоделците – едни му дадоа поддршка на министерот Трипуновски, други побараа итно укинување. Здружението „Фармери југозапад“ предлага и годинава да се применува ланската програма. -Од новата програма треба да се прават корекции по сите ставки. За да не се прави тоа, бараме оваа програма да се укине, а да се субвенционираме според програмата од 2025 година. Потоа, во текот на годинава, ќе ...

