„Мајкрософт“ и „ОпенАИ“ објавија во вторник дека постигнале нов договор што му овозможува на развивачот на ChatGPT да продолжи со своите планови за трансформација во профитна корпорација за јавна корист, пренесува Ројтерс. Според новиот договор, „Мајкрософт“ ќе поседува 27% од „ОпенАИ Груп ПБЦ“, проценета на приближно 135 милијарди долари, додека непрофитната гранка на „ОпенАИ“ ќе поседува удел од 130 милијарди долари во профитниот субјект. ...
Американскиот технолошки гигант Мајкрософт оствари извонредни финансиски резултати во текот на последната фискална година, при што извршниот директор Сатја Надела доби рекордна компензација од 96,5 милиони долари, што е за 22 проценти повеќе од претходната година, кога заработи 79 милиони долари. Поголемиот дел од компензацијата доаѓа во форма на акции, околу 84 милиони долари, додека 9,5 милиони долари се доделуваат преку парични стимулации. ...
„Опен еј-ај“ (OpenAI) ѝ додели на „Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) удел од 27 отсто како дел од планот за реструктурирање што се преговараше речиси една година, со што се отстрани голема неизвесност за двете компании и се отвори патот производителот на „ЧетЏПТ“ (ChatGPT) да стане профитна компанија. Според ревидираната спогодба, „Мајкрософт“ ќе добие удел во „Опен еј-ај“ вреден околу 135 милијарди долари, соопштија компаниите во вторникот. ...

