Во пожар во хотел во источниот пакистански град Лахор во неделата загинаа најмалку три лица, а најмалку осум други беа повредени, соопштија спасувачките служби. Хотелот е евакуиран, а пожарот оттогаш е изгаснат, соопшти Управата за управување со катастрофи во Пенџаб. Пожарникарите истражуваат дали причината е истекување на гас, а главната министерка на Пенџаб, Меријам Наваз Шариф, објави на Твитер дека лично ја следи ситуацијата по инцидентот ...

Голем пожар избувна рано утрово во фабрика за производство на бисквити во близина на грчкиот град Трикала, во регионот Тесалија, при што загинаа најмалку четири лица, а една жена се води како исчезната, јавува весникот „Катимерини“. Пожарот започнал околу 4 часот наутро во фабриката „Виоланта“, која се наоѓа покрај националниот пат Трикала – Кардица. Во моментот на инцидентот, фабриката била во функција, бидејќи работи со 24-часовни смени. ...

Голем пожар избувна во позната фабрика за бисквити во градот Трикала, Грција. Најмалку четири работнички загинаа. Според сведоштва на локалните жители, пожарот бил придружуван од серија силни експлозии. Несреќата се случила околу четири часот по полноќ, за време на ноќната смена на која работеле 13 вработени во погонот за производство и печење. Голем пожар избувна во позната фабрика за бисквити во градот Трикала, Грција. Најмалку четири ...

Трагедија во Грција. Во експлозија и пожар во фабрика за бисквити во централна Грција загинаа најмалку четворица работници, а едно лице е исчезнато, соопштија властите. Седуммина други, вклучувајќи и еден пожарникар, се хоспитализирани по експлозијата во фабриката „Виоланта“ во близина на градот Трикала. Експлозијата се случила за време на ноќната смена, а пожарот што уследил ја уништил фабриката. Противпожарните екипи со часови се бореле со ...