Присуството на Минхенската безбедносна конференција, премиерот Христијан Мицкоски го искористи и за работни средби со европски гиганти. Тој објави дека се сретнал со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“, како и со унгарската компанија „Фор-ај-џи“. Со „Шварц груп“ , премиерот информираше дека разговарале за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места ...

Германскиот канцелар Мерц со јасна порака кон земјите кандидати за ЕУ - „не сакам да ве изгубам“. На Минхенската безбедносна конференција признава дека се чувствува се понепријатно поради неможноста Унијата да постигне значаен напредок во процесот на пристапување, посебно кон земјите од Западен Балкан. - Мораме повторно да отвориме нова стратегија како да ги приближиме овие земји кон ЕУ. Вие сте дел од европскиот континент и затоа ...