Во Коалицијата ВРЕДИ постои согласност местото на Изет Меџити, по неговиот избор за градоначалник на Чаир, да го преземе Беким Сали, изјави денеска вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. Тој посочи дека во текот на неделата коалицијата ќе одржи состанок со премиерот Христијан Мицкоски за да се најде заедничко решение околу реконструкцијата на Владата. Фетаи коментираше и за критиките упатени кон министерката за образование Весна Јаневска, ...
Предлог-комбинации за ресори и кадровски решенија Вреди треба да му испорача на премиерот Христијан Мицкоски до вторник, откако по локалните избори во Владата се испразнија местата прв вицепремиер и министер за животна средина. Претходно, партиите од коалицијата Вреди меѓу себе треба да се усогласат и за ресорите и за предлозите за министри, брифира за „Слободен печат“ висок функционер од Вреди. На списокот до Мицкоски ќе треба да се најдат и ...
До крајот на денот се очекува да почне интензивирањето на преговорите за идниот реконструиран владин состав. Владините коалициски партнери денеска веќе зад затворени врати без јавно дефинирани време и место седнуваат да ги исцртуваат првичните контури за министерските места и функции. Ќе успеат ли Вреди да излобираат кај Мицкоски министерство повеќе или пак ќе мора да се откажат од едно од нивните на сметка на вицепремиерското место на Беким ...

