Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски влегуваат во вториот круг на изборите за претседател на државата. Така покажуваат податоците на Државната изборна комисија по денешниот изборен ден во кој седуммина се тркаа за врвната позиција во земјата. Кандидатката на опозицискиот блок успеа да направи огромна разлика пред актуелниот шеф на државата која во моментот изнесува 290 000 наспроти 140 000 гласови. Пендаровски во вечерашното обраќање ...

Кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на владејачката СДСМ, претседателот Стево Пендаровски, се пласираа во вториот круг од претседателските избори, соопшти доцна синоќа Државната изборна комисија (ДИК). Силјановска во првиот круг освои речиси двојно повеќе гласови од нејзиниот главен противник, од кој беше поразена во вториот круг на претходните претседателски избори во 2019 година. Силјановска ...

Со предност од над 160 илјади гласови во полза на Гордана Сиљановска Давкова таа оди во вториот круг од претседателските избори во кој ќе се соочи со досегашниот претседател Стево Пендаровски. Според официјалните податоци од Државната изборна комисија од одработени над 90 отсто од гласовите таа освои повеќе од 330 илјади гласови, а Пендаровски над 164 илјади гласови. Разликата е повеќе од двојна. По ваквите резултати кандидатката поддржана од ...

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ порача дека ова „почеток на ново време“ и испрати пораки за регионална соработка. Нејзиниот противкандидат од СДСМ, пак, не криеше дека резултатите не се она што го очекувале, но најави борба за вториот круг. Изборниот ден, и од институциите и од повеќето партии, беше оценет како мирен со фер и демократска атмосфера и без поголеми инциденти. Со предност од над 150.000 гласа, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ...