Европската куќа на ракометот (ЕХФ) направи грешка при влечењето на двојките за баражот за Светското првенство (СП) во 2027 година, но брзо се поправи. Грешката влијаеше на Македонија. Нашиот национален тим прв беше извлечен од првиот сад, наместо прво да биде влечен тим од вториот шешир. Заради тоа ждребање, Македонија го доби реваншот да го игра како гостин, нешто што е против правилникот, затоа што носителите секогаш имаат предност за ...
Македонија го доби еден од најпосакуваните исходи на денешната ждрепка за баражот за СП 2027 откако нашите ракометари дознаа дека пречка на патот до нов мундијал ќе им биде подобриот од двомечот Украина – Словачка. Притоа, ЕХФ направи сериозен превид при самото извлекување откако ги извлече двете селекции за ривали, но не беше извршена и дополнителна ждрепка за тоа кој ќе биде домаќин на првата, а кој на втората средба. Бидејќи Македонија ...

