Општина Крушево упати покана до сите граѓани и посетители по повод 5 јануари 2026 година кога се одржува манифестацијата „Дева – во чест на Неговото раѓање“, вековна и уникатна крушевска предбожиќна традиција. Настанот ќе се одржи во 17:00 часот на градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ во Крушево. Настанот ќе биде организиран во празнична атмосфера, со посна трпеза и топли напитоци. Во рамки на манифестацијата ќе се организира и собирање на ...

По 13-ти пат во Крушево во организација на СОУ „Наум Наумоски – Борче“ се одржа уникатната манифестација „Дева“ со која што се најавува Христовото раѓање. Куриозитет е тоа што освен во Крушево оваа манифестација стара со векови на ваков начин се одржува уште само единствено во Витлеем, во Израел. „Се организиравме, еве хорот во позадина тука е, дечињата од хорот пеат верски песни. Бидејќи сме угостителско училиште, нашата угостителска струка ...

Традиционалниот настан „Дева – во чест на Неговото раѓање“ се одржа во Крушево. Само во Крушево и Витлеем Христовото раѓање се најавува на овој посебен и длабоко симболичен начин. Со ѕвезда и песна, во предвечерието на Божиќ, се носи радосната вест од дом до дом – традиција што со векови живее токму тука. Вечерва, на Градскиот плоштад во Крушево во празнична атмосфера беа споделени посна трпеза и топли напитоци, а преку доброволни прилози се ...

Крушево, 5 јануари 2026 (МИА) - Со древниот и уникатен обичај „Дева“ во Крушево вечерва беше навестено Христовото раѓање. Обичајот „Дева“, познат во Витлеем, Израел, е древен и уникатен што се изведува во Крушево, а не се памети на пошироките простори. На плоштадот „Никола Мартиноски“ во центарот на градот пред бројните крушевчани и гости, по 13. пат за зачувување на овој обичај, манифестацијата „Дева“ ја изведоа учениците и професорите од ...