ГФК Тиквеш 1930 продолжува со засилувањата за новата сезона и официјално го претстави Јован Попзлатанов како нов фудбалер на клубот од Кавадарци. Станува збор за играч со богато искуство на македонските прволигашки терени, кој во својата кариера настапуваше за повеќе домашни клубови, а зад себе има и интернационални настапи. Во Тиквеш веруваат дека неговото доаѓање ќе донесе дополнителен квалитет, стабилност и лидерство во тимот. „Добредојде ...
ГФК Тиквеш ќе ги започне подготовките за новата сезона в среда, 24 јуни, а првата фаза ќе се реализира во Кавадарци во периодот од 24 јуни до 2 јули. Втората фаза од подготовките ќе се одржи во Давраз, Испарта (Турција) во периодот од 5 јули до 21 јули. Во текот на престојот во Давраз, прволигашот од Кавадарци ќе одигра четири контролни натпревари како дел од подготовките за новата сезона. Клубот се засили со тројца нови играчи, Јован ...
Тиквеш попладнево промовираше уште едно ново име, а тоа е Јован Попзлатанов (29). Искусниот офанзивен бек, кој може да игра и по левата и по десната страна во изминатата полусезона го носеше дресот на Работнички. Претходно беше дел и од Македонија ЃП. Бил дел и од екипите на Вардар, Тетекс, Пелистер а има и интернационална кариера во Летонија. “ГФК Тиквеш 1930 со големо задоволство го претставува нашето најново засилување – Јован ...

