Родители на деца од градинката „Пролет 1“ или „Пролет – Управа“, лоцирана до училиштето „Владо Тасевски“ во Козле, подготвуваат петиција во знак на револт поради тоа што во овој објект, кој, како што велат, располага само со шест занимални, во наредните месеци ќе бидат сместени и децата од градинката „Пролет 2“, позната и како „Пролет-Канела“. Тоа треба да трае додека не се изгради новиот објект на градинката, кој во моментов се урива, а ...

Објаснувањето на Општина Карпош дека дел од децата во градинката „Пролет 1“ се сместени во холот и на бината, каде и спијат и јадат, затоа што таа просторија е климатизирана, не е точно – тврдат родителите. Тие до „Слободен печат“ испратија фотографии на градинката однадвор каде се гледаат моторите од климите на прозорците. Воедно како што додаваат, доколку е тоа така, зошто тогаш не се сите деца сместени во холот туку останатите се во ...

Општина Карпош денес ја започува изградбата на нов, современ објект на градинката „Пролет“ -Објект Пролет 2 во Козле кој ќе биде лоциран на улицата Милан Марковиќ, на местото на стариот досегашен објект. Новиот објект е проектиран согласно современите стандарди за престој и развој на децата, со предвидена изградена површина од 1.156 м2 и вкупна површина за игра и зелени површини од 1.949 м2. Капацитетот на новата градинка изнесува 130 деца. ...

Почна изградба на нова градинка „Пролет 2“ во населба Козле во општина Карпош, инвестиција на Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади. На поставувањето камен-темелник присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој истакна дека со изградбата на објектот ќе бидат обезбедени современи услови за децата, а тоа е, рече, „наш врвен приоритет во Општина Карпош“. – Секој еден ваков почеток претставува голем успех, во ...