Тереза Кесовија одржа емотивен проштален концерт во Сплит, со што го започна циклусот од четири најавени настапи со кои се збогува од музичката сцена по повеќедецениска кариера. Првично концертот требало да се одржи во Хрватско народно казалиште во Сплит, но поради огромниот интерес бил преместен на Стари плац – поранешното игралиште на Хајдук Сплит. И покрај здравствените проблеми, 87-годишната уметница излезе на сцената и со песна се прости ...

Емотивно збогување на музичката легенда во Сплит Музичката дива на некогашна Југославија, хрватската пејачка Тереза Кесовија, го одржа својот последен, проштален концерт на „Стари плац“ во Сплит. По 60 години богата кариера, пејачката која Европа ја запамети по нејзиниот единствен и раскошен глас, реши да се збогува со својата верна публика. И покрај сериозните здравствени проблеми, 87-годишната уметница изјави дека не можела да замине без ...