По големата победа над Шкендија во Тетово, екипата на Башкими со многу оптимизам влегува во претстојниот дуел со „црвено-црните“. Во рамките на 30-тото коло, кумановци ќе се соочат со Вардар, но наместо во Куманово, натпреварот ќе се одигра во Гостивар. И покрај тоа што Башкими ќе го пречека најтрофејниот македонски клуб на неутрален терен, мотивот кај фудбалерите е на највисоко ниво. Тимот сè уште ја бара „безбедната зона“ за опстанок во ...

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар попладнево гостува во Гостивар каде во натпревар од 30 коло ќе се соочи со Башкими. „Црвено-црните“ атакуваат на нови три бода со кои ќе бидат на чекор до освојување на шампионскиот трофеј откако директниот конкурент Шкендија на вчерашното гостување во Кратово освои само бод во дуелот против Силекс. Во пресрет на денешниот натпревар составот предводен од Гоце Седлоски има предност од ...

Екипата на Вардар си ја оствари целта, успеа да слави како гостин против Башкими (0-2) и во следните три кола ќе му биде потребна една победа за да биде нов шампион на Македонија по петгодишна низа на Шкендија и Струга Трим Лум. Вардарци беа доминантни на неутралниот терен во Гостивар и си ја завршија задачата кај екипата која играше без голем притисок, затоа што ниту може во Европа, а опстанокот е загарантиран. Со трите бода, Вардар избега ...