Николоски и Лукровски на терен Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски присуствуваа на почетокот на градежните активности на улицата Јуриј Гагарин. Механизацијата веќе е на терен, а Лукровски од почетокот на мандатот се вложи за да се откочи целата постапка и оваа улица да добие нов лик. Започнаа градежните работи на улицата „Јуриј Гагарин“ во Општина Карпош ...

„Морам да истакнам дека сум задоволен што конечно ќе се реконструира улицата ‘Јуриј Гагарин’, во должина од околу 325 метри. Реконструкцијата на делот од улицата опфаќа рушење на постоечкиот асфалт од коловозот и тротоарите, а на делот од паркингот се врши орапавување на асфалтот. Предвидени се тротоари од бекатон по должина на улицата, согласно постојната состојба. Целата инвестиција ќе чини околу 7.500.000 денари, а изведувач на градежните ...