Според новото правило на ФИФА, на пријателските натпревари е дозволено да се направат до осум замени, наместо пет како што беше досега. Осумте замени можат да бидат направени во три прозорци, односно три прекини на играта, несметајќи го полувремето. Правило кое е идентично како и при пет замени. Во правилата стои и дека доколку двете репрезентации постигнат договор по натпреварот, може да се направат и 11 замени, но тоа нема да биде случај на ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски го одреди почетниот состав за вечерашниот натпревар против Ирска во Даблин, во пресметката на двете поразени селекции во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство 2026. Од почетните 11 кои истрчаа на теренот во четвртокот на гостувањето во Данска, Седлоски за вечерашниот натпревар се одлучи за две нови имиња во искусниот Велковски и дебитантот Фетаи во дефанзивната ...
Гоце Седлоски најави дека ќе направи мали промени во стартниот тим кој вечерва ќе излезе во Даблин, но исто така нагласи дека ќе продолжи да им верува на играчите кои смета дека се костурот на овој македонски тим. Нашата А репрезентација вечерва од 20:45 часот игра пријателски натпревар против Ирска, а непосредно пред натпреварот, стана јасно за кој избор на играчи се одлучи новиот селекторот. Седлоски остана да се држи до формацијата 3-5-2, ...

