Рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на претседателот на САД, Стивен Виткоф, и Џаред Кушнер, започнаа разговори за украинската криза во Кремљ, јавуваат руските медиуми. Учествуваат и шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, јавува РИА Новости. Американската делегација пристигна во Москва околу 22:30 часот по руско време и веднаш се упати кон Кремљ. ...

Во тек е средбата на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот американски пратеник Стивен Виткоф и со бизнисменот Џаред Кушнер, соопшти прес-службата на Кремљ. Главна тема на разговорот е изнаоѓањето решение за конфликтот во Украина. Како што претходно најави Путин, со американските преговарачи планирано е да се разговара и за евентуалната покана до Русија за приклучување кон Одборот за мир, како и за судбината на дел од руските ...