Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денес со почеток во 11:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест на 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот. Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на улица „Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, ...

Почетокот на протестот е закажан во 11 часот пред зградата на ССМ во Скопје, а ќе заврши пред владината зграда на булеварот „Илинден“ Поради најавениот првомајски протест на Сојузот на синдикатот на Македонија (ССМ) закажан за денеска во 11 часот, во централното подрачје на Скопје ќе се воспостави посебен сообраќаен режим, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Почетокот на протестот е закажан во 11 часот пред зградата на ССМ во ...

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, завчера на прес-конференција повика на масовна излезност, истакнувајќи дека работниците треба јасно да го изразат незадоволството од ниските примања, слабата заштита на работничките права и односот на институциите и работодавачите. Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом на ССМ, а потоа ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата, каде ќе бидат упатени синдикалните барања. ...