Владејачката ВМРО-ДПМНЕ како лицемерни ги оцени реакциите на нивниот политички опоненет – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во врска со аерозгадувањето во Скопје и нивните повици за донесување итни мерки за решавање на проблемот. Имено, од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение реагираа на денешната прес-конференција на Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, на која тие побараа да биде прогласена еколошка и здравствена ...
Владејачката партија смета дека е лицемерно СДСМ да говори загаден воздух. -Ветуваа „ајро ајро“ на митинг, почист воздух, а во суштина нивен министер протестираше против загадувањето на воздухот наместо да преземе мерки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Во време на СДС, парите наместо за животна средина и почист воздух, се трошеа 1.6 милиони евра за лубриканти. За 7 години можеа барем за 10% да го намалат ...

